Општина Охрид продолжува со реализација на проекти насочени кон подобрување на условите за живеење и унапредување на комуналната инфраструктура, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Во тек се работни активности за доизградба на атмосферски канал на улица „АСНОМ“ во станбениот комплекс „Бејбунар“. Проектот опфаќа изведба на цевковод ПЕФ 630, во должина од 400 метри, со вкупна вредност од 4.353.247 денари, посочува.
Активностите, вели, ги изведува ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид, со средства од општинскиот буџет.
Паралелно, екипите на ова јавно претпријатие работеа и на партерно уредување на дел од улица „Шар Планина“, каде што се изврши поплочување со бехатон плочки на површина од 1200 метри квадратни. Вкупната вредност на овој проект изнесува 2.964.337 денари, додава Пецаков.
OhridNews















