Здружението на судска админситрација на Република Македонија изразува незадоволство од покачувањето на платите само на одреден дел од вработените во правосудниот систем. Бара измени во Законот за судски службеници и изедначување на правата на вработенмите во адмистрацијата со судиите и обвинителите, во спротивно најавува дека ќе стапат во штрајк, кој овој пат ќе биде порадикален.
– Со оглед дека повторно се случува парцијално покачување на платите во правосудниот систем, отпочнуваме со активности кои предвидуваат низа мерки. Немавме таква намера поради сложената ситуација во државата, меѓутоа ние не сме иницијатори ниту на кризата, ниту на покачувањето на платите само на одредени категории во правосудниот систем и не сме виновни дека нееднакво не третираат. Прво ќе оствариме контакти со сите релевантни фактори во државата во овој момент со барање да се изедначи нашиот статус со останатите категории во правосудството. Доколку до тоа не дојде ние сме подготвени да отпочнеме со штрајк, но овој пат истиот ќе го радикализираме, без оглед што минатата година бевме казнети со 40 процернти од плата заради штрајкот. Најавувам доколку не се изврши измена на Законот за судски службеници и не се изедначат сите категории во правосудството ќе преземем порадикални мерки, што значи дека штрајкот нема да биде како минатата година кога им излегувавме во пресрет на граѓаните да ги завршат своите работи во судот, сега сме подготвени да преземемe и други чекори. – изјави претседателот на Здружението на судска админситрација на Република Македонија Борче Мирчески, инаку вработен во Основниот суд во Охрид.
Тој поосочи дека револтот кај судските службеници е голем, поради што веќе има најави од повеќе судови за бојкот на прославата по повод Денот на правосудството 31 Март, на која, како што рече, од истите причини нема да присуствуваат ниту претставници на Здружението на судска админситрација на Република Македонија.
OhridNews












