Денес со граѓаните и претставниците на повеќе институции се одржа јавна расправа за најавената реконструкција на кејот на езерото.

Проектот предвидува да се опфати должина од еден километар, поточно од градското пристаниште до пред хотел Милениум. Како што информира градоначалникот Јован Стојаноски, предвидено е и дополнително навлегување во езерските води од 96 сантиметри.

Претходно презентацијата се изврши пред претставници од Светска банка за да се запознаат со проектот од каде што очекуваме да го одобрат и финансираат. Проектот за реконструкција е изработен според сите стандарди, ги има сите неопходни одобренија и од Управа за заштита на културно наследство и од министерството за животна средина. Се чека на одобрение од министерството за транспорт и врски кое се надевам ќе го добиеме во текот на наредните десет дена со што ќе имаме комплетен проект кој ќе ја овозможи реконструкцијата. Се надевам дека Светска банка ќе го одобри и финансира, а ќе учествува и локалната самоуправа со средства од буџетот за што е добиено одобрение од советниците, вели градоначалникот Стојаноски.

Според стручните лица од ЈНУ Хидробилошки завод, реконструкцијата на шеталиштето нема да предзивика еколошки проблеми врз животната средина.

Предвидено е да се забиваат цевки и после тоа да се буши и да се цементира, нема да има близок контакт со водата и со животната средина односно песокот и милта што се во приобалниот дел. Единствено советуваме се што ќе се употреби како гредежен материјал да биде од потекло од сливното подрачје, песокот, чакалот за да нема внесување на нови видови, неавтохтони кои не се среќаваат во Охридското езеро, нагласува Трајче Талески од охридскиот Хидробиолошки завод.

Проектот има добиено позитивно мислење и од страна на Капетанија на пристанишата.

 

-Има потреба од обновување на целата инфраструктура, тоа е многу ескплоатирана тема која ја зафаќа и изградбата на марина и реконструкција на градското пристаниште, кои се насушно потребни бидејќи се зголемува фрекфенцијата. Со згоелемување на бројот на пловила, местото станува се потесно, па ова прашање добива се поголема сила и мора да бида решавано. Нема забелешка во ширењето на кејот бидејќи во определена мерка не зафаќа во длабоката вода каде што се одвива поактивна пловидба на бродовите, вели Горан Устијаноски од охридската Капетанија на пристаништа.

Најдоцна за еден месец ќе се знае дали реконструкцијата ќе почне од нова година, а градежните активности е предвидено да завршат до јуни 2019 година. Реконструкцијата ќе чини 1,2 милини евра.

OhridNews