На 19 април, американската телевизија ЕСПН ќе ја емитува првата епизода од документарниот филм посветен на Мајкл Џордан. Документарецот „Последниот данц“ за најдобриот кошаркар на сите времиња има десет епозоди.

Поранешниот кошаркар на Чикаго смета дека луѓето ќе бидат зачудени, како тој бил толку нервозен и напнат  во пресрет на натпреварите иако на теренот не изгледало така.

Кога луѓето ќе ја видат серијата не сум сигурен дека ќе можат да разберат зошто сум бил толку напнат, зошто сум направил некои работи, зошто тогаш сум се однесувал така и зошто сум кажал некои работи. – изјавил Џордан преку режисерот на документарниот филм.

Во документарецот, Џордан зборува за притисокот кој им го правел на соиграчите, за првата сезона во Чикаго кога се соочил со низа непријатности и не одењето на приемот кај претседателот на САД Џорџ Буш после првата титула со „биковите“.

Џордан во дресот на Чикаго освои шест титули.

OhridNews