Селекторот Марин Докузовски пред заминувањето на Евробаскетот ги објави имињата на кошаркарите кои патуваат во Германија и Литванија.


Конечниот список на играчи за Евробаскетот го сочинуваат: Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Марко Симоновски, Тодор Гечевски, Владо Илиевски, Димитар Мираковски, Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Кирил Николовски, Дарко Соколов, Предраг Самарџиски, Лестер Мекејлеб

Од конечниот список испаднаа Александар Костоски и Ивица Димчевски, а селекторот Докузовски се заблагодари на нивната посветеност на тренинзите и потенцираше на нивната важност во иднината на македонската кошарка.


Правилото на ФИБА Европа е доста незгодно поради тоа што не остава простор за замени. Одиме со овие 12 играчи со надеж дека ќе останеме сите здрави, затоа што евентуални повреди би претставувале голем хендикеп без замени – рече Докузовски.

До првиот натпревар на Евробаскетот против Црна Гора на 31 август, нашата репрезентација ќе одигра уште два подготвителни дуели во Минхен и Берлин против најдобриот состав на Германија.

Ohridnews