Демократската обнова на Македонија – ДОМ денеска, петок, ќе испорача 10.000 книги на жителите на областите Голо Брдо и Гора во Република Албанија. Книгите ќе ги предаде Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, а ќе ги прими Едмунд Османи, советник во Голо Брдо од македонското малцинство во Албанија. Тие се наменети за десетте училишта на македонски јазик во овие области со околу 400 ученици.
Книгите и училишниот прибор беа собрани во хуманитарната акција „Книгата моја патува“ што ДОМ ја организираше по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Собирањето книги траеше и во текот на месец јуни и тоа во повеќе градови во Македонија. Книги донираа повеќе издавачки куќи, библиотеки, членови и симпатизери на ДОМ, граѓани ширум Македонија.
По повод примопредавањето на книгите во Голо Брдо ќе биде организирана скромна свеченост на која ќе настапат актерите Ѓорѓи Јолевски и Рубенс Муратовски.
„Приказни раскажани преку уметност“ е изложба која ја слави уметноста на деца со аутистичен спектар Сликите, кои денес беа претставени пред охридската јавност, се дело на младите уметници Јана Иван...
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св Наум Охридски“ од Охрид присуствуваа на традиционална церемонија на свечено менување на државното з...
Во просториите на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во организација на Општина Охрид, се одржа работна средба-социјален дијалог „Учи паметно-работи стручно“ На средбата свое обраќање имаа заменик-градоначал...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.