Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 47-годишен охриѓанец.

При извршена контрола на 21.11.2020 година, полициските службеници констатирале дека тој, организирал семејна веселба со присуство на 20 гости во неговиот дом. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот Ковид 19. – соопшти денеска СВР Охрид.

OhridNews