Локалната самоуправа, преку Јавното претпријатие „Нискоградба“ , донира пумпа за одведување отпадни води за потребите на дневниот центар  за лица со посебни потреби „Зраци“.

Дневниот центар „Зраци“, веќе подолго време имаше потреба од оваа пумпа, бидејќи просториите на дневниот центар се наоѓаат под нивото на канализационата мрежа, поради што кујната не ни беше во функција.  Јавното претпријатие „Нискоградба“, ја донира пумпа и целосната инсталација на истата. На тој начин се реши еден од поголемите проблеми кои ги има овај центар, рече Зоран Костадиноски, дефектолог во дневниот центар „Зраци“.

Општествената одговорност и помагањето на ваквите институции се во врвот на приоритетите на ЈП „Нискоградба“, истакна директорот Сашо Донев.

Деновиве завршивме со подготовките за поставување на пумпата со што се создадоа услови за нејзино поставување. Секогаш сме на располагање кога станува збор за општествена одговорност, додаде Донев.

Од ЈП „Нискоградба“ за во наредниот период најавуваат и низа други помали зафати кои би го подобриле функционирањето на дневниот центар.

OhridNews