По повод големиот Христијански празник – Велигден, Лајонс клубот “Десарети” – Охрид, донираше вредносни ваучери од по 3.000,00 ден на 15 социјално загрозени семејства од Охрид, во соработка со Црковниот храм “Св. Ѓорѓи”. Вкупната вредност на донацијата изнесува 45.000,00 денaри.
Л.К. “Десарети” – Охрид јавно ги повикуваа сите хумани луѓе, како и здруженија во пресрет на овој голем празник да го покажат своето човекољубие и да помагаат на оние на кои што им е најпотребна помош, со цел и ранливите категории на граѓани да можат да го прослават овој голем христијански празник како што доликува исполен со душевна хармонија и мир.
OhridNews












