Владата денеска ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката – Е-112.

Е-112 исто така обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Северна Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори, се наведува во соопштението.
OhridNews











