Нови обвинувања од општинската ВМРО ДПМНЕ, овој пат упатени до директорката на ЈП „Билјанини извори“. Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев на денешната прес конференција ја обвини директорката за уцени и притисоци врз вработените, како што рече, со барање тие да излезат и да гласаат за кандидатот на СДС.

  • Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен!”.Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните Претпријатија во Охрид за време на локалните избори?Дали ова се правдата и мирот ветувани од СДС пред да дојдат на власт?Дали СДС ги добила вонредните локални избори во Охрид преку притисоци и закани врз вработените во Јавни Претпријатија?Зошто градоначалникот Константин Георгиески молчи и не ја разрешува директорката Јованоска или ќе и прости за тоа што му помогнала да победи на избори?, рече Донев.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш неотповиклива оставка од директорката Јованоска, а Јавното обвинителство и надлежните органи да го истражат случајот во кој, како што рече Донев, има сериозни прекршувања на изборниот законик.

OhridNews