Актуелната власт дојде на сегашните позиции во општеството со критики и објаснувања како треба да се однесуваме кон Охридското Езеро, дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства за да прикрива неодговорни политики, а сега состојбата е најдраматична од било кога, односно никогаш не била ни приближно како што е денес. Ова на прес конференција денеска, го истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.

Во времето кога држеа пресови симулирајќи наводна паника им ветуваа на граѓаните поинакво менаџирање. За потсетување Охридското Езеро нема концесионер, дивите градби околу езерото не се срушени, а освен палмите ниту една мерка не е спроведена од препораките на УНЕСКО. Ги охрабруваме невладините организации, екологистите и Хидробиолошкиот завод кој егзистира децении на брегот на езерото, да се јават со свој официјален став, да бидат јасни и гласни околу последиците од ваквата алармантна состојба и последиците коишто ќе следат по флората и фауната на езерото. Заштитата на растителниот и животинскиот свет во езерото е должност и обврска на Заводот како институција којашто треба да се грижи за еко-системот на езерото. – рече Донев

Според Донев, со актуелната власт нема заштитата на Охрид и Охридското Езеро, туку само лажни вести и мачкање на очи.

OhridNews