Претседателот на општинакста ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев со обвинувања дека реализацијата на буџетот на општина Охрид е катастрофална во однос на остварувањето на ветените проекти пред граѓаните.

  • Имаме околу 20% реализација на Програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта, само 16% реализација на Програмата за туризам и најскромна реализација од само 10% за Програмата за локален економски развој кој всушност треба да биде моторот за економските активности во Охрид. Хаосот со сообраќајот во Охрид го отсликува тоа што ништо не е сработено, односно 0% за изработка на сообраќајна студија и 0% за изработка на сообраќајни проекти и сообраќајни решенија. Граѓаните се’ уште чекаат преприклучување на водоводната мрежа и изградба на нова водоводна линија на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“, рече на денешната прес конференција Донев.

Донев прашува зошто нема ништо од изградбата на улична фекална канализација на дел од „Туристичка“ од бензинска пумпа Окта до улица „Ариф Мустафа“.

  • Нема ништо од преприклучување на нова фекална канализација и изградба на улична фекална и атмосферска канализација на „Абас Емин“ и  изградба на атмосферска канализација на улица „7 Ноември“. Реконструкцијата на улиците „Асном“ и „7 Ноември“ како ветени проекти ќе почекаат подобри времиња, додаде Донев.

OhridNews