Фирмите кои функционираат во Охрид се почесто ја изразуваат својата хуманост, велат од општинскиот Црвен крст од каде информираат дека викендов Црвен крст- Охрид прими донација во облека и ацесорис од бутиците „Емпорио“ .

– Облеката веќе е подредена на полиците во магацинскиот простор и ги покануваме сите социјално загрозени граѓани кои имаат потреба од облека  да не посетат секој работен ден од 08 до 15 часот, велат од општинскиот Црвен крст.

OhridNews