Амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан, денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му предаде донација од 45 возила од марката „Шкода“ во вредност од околу милион евра.

Министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Томан и на Владата на Република Чешка за помошта што македонската полиција ја доби од оваа пријателска земја по избувнувањето на мигрантската криза.

Амбасадорот Томан истакна дека Република Чешка со задоволство и помага на македонската полиција и дека тоа ќе го прави и во иднина.

OhridNews