Преку отворените мобилни телефони 070/075/077 143 400 за донации за загрозените од поплавените подрачја до денес напладне биле собрани вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност биле уплатени 150.000 денари.

Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека до поплавените подрачја биле дистрибуирани 255 пакети храна, 1.229 пакети со средства за хигиена, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 156 тони средства за дезинфекција. Со помошта се опфатени вкупно 400 семејства од поплавените региони во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, Кочани, Битола, Прилеп и Куманово. За време на викендот ќе бидат опфатени дополнително уште 200 семејства.

Од Црвениот крст информираат дека е понудена помош од националните друштва на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора.

OhridNews

Извор:„МИА“