Актуелниот првак на Германија, Борусија Дортмунд против Вердер ќе ја започне одбраната на титулата во јубилејната 50-та сезона во Бундес лигата.

Борусија и Вердер јубилејната сезона во Бундес лигата ќе ја отворат на 24. август, во Дортмунд. Интересно овие два тима ја отворија и првата сезона во Бундес лигата во сезоната 1963/1964.

Најголемиот ривал на „милионерите“ од Дортмунд, минхенски Баерн, во првото коло ќе гостува кај локалниот баварски ривал, новиот член на најквалитетното друштво Гројтер Фирт.

Аспирантите за титулата Борусија Дортмунд и Баерн ќе се сретнат во 15. коло, на „Алијанц Арена“ во Минхен, а терминот е помеѓу 30. ноември и 2. декември.

Бундес лига, Прво коло сезона 2012/2013:
Борусија Д.-Вердер
Хановер-Шалке
Борусија М.-Хофенхајм
Штутгарт-Волфсбург
Фрајбург-Мајнц
Аугсбург-Фортуна
Хамбургер-Нинберг
Ајнтрахт-Баер Леверкузен
Гројтер Фирт-Баерн Минхен.