Судијката Екатерини Сакеларопулу е новата претседателка на Грција. Со добивање на мнозинството гласови во грчкиот парламент, таа стана првата жена претседател во Грција. Oсвен владејачката Нова демократија, за неа гласаше и опозициската партија Сириза на бившиот премиер Ципрас.
Петгодишниот мандат на Сакеларопулу почнува на 13 март. Таа доаѓа на местото на 67-годишниот конзервативец, Прокопис Павлопулос.
OhridNews