Денеска ќе преовладува променливо и свежо време со локални врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за околу 10 степени. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Во вторник сеуште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата, информира УХМР Македонија












