Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови (15л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура за околу 7, а во северните делови и за 10 степени. Во Охрид максималната дневна температура денеска ќе достигне до 10 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо, попладне со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

Во првите денови од новата работна недела ќе имаме претежно сончево време со умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер.

OhridNews