Дождот кој изминатиов период го зафати охридскиот регион, не само што ги поплави охриѓани, туку ги „проголта“ и обработливите површини во близина на населбата „Далјан“.

Жителите во овој дел од градот стравуваат од најавените поројни дождови, кои се најавуваат за периодот кој претстои.

Загрижувачки е зголемен и водостојоти на  реките „Сатеска“, „Грашница“ кои се влеваат во Охридското Езеро, кое пак, е на 25 сантиметри над максимално утврдената кота.

О.Т.