О.K. на ВМРО-ДПМНЕ изрази поддршка на граѓанската иницијатива за утврдување на вистината за потонувањето на бродот Илинден, но истовремено побара деполитизација на граѓанското здружение „5-ти Септември“:

„ОК на ВМРО-ДПМНЕ верува во институциите на системот на Република Македонија и посакува здружението основано со име на денот на големата трагедија во Охридското Езеро да ги оствари своите цели: правично и фер судење на обвинетиот капетан и не мешање на политиката  низ целиот случај.
 
Веруваме во искреноста на овие цели и повикуваме токму во име на таа искреност, ако навистина се сака да се помогне тогаш од здружението коректно би било да отстапи актуелниот негов Претседател г-дин Сашо Алче  бидејќи се работи за политичка личност, в.д директор на Ј.П. Охридски Комуналец – Охрид, поставен од исто така политичка личност, актуелниот Градоначалник на Охрид.
 
Со изземањето ќе се постигне бараната деполитизираност и полесно и поискрено ќе се остварат целите избегнувајќи ја притоа морбидната борба по политички поени што некои партии веќе ја водат.

Ако се сака да се деполитизира целиот случај, прво треба да се деполитизира самото здружение.“ – Се вели во соопштението на О.К. ВМРО-ДПМНЕ.

Ohridnews