Со драматични победи на Лос Анџелес Лејкерс и Јута Џез продолжија возбудувањата во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА. „Езерџиите“ со тесни 103-101 славеа во градското дерби со Лос Анџелес Клиперс, додека „џезерите“ со 106-104 го совладаа тимот на Њу Орлеанс Пеликанс.

Човек на одлука на Лејкерс беше Леброн Џејмс кој погоди за два поени на 17 секунди до крајот на мечот, а трагичар Пол Џорџ кој го промаши шутот за победа за „клиперси“. Слична разврска имаше и мечот Њу Орлеанс – Јута. „Џезерите“ во претпоследниот напад од натпреварот преку Гоберт погодија два пати од слободни фрлања за плус два. На спротивната страна „пеликаните“ не реализираа и изгубија.

Сезоната во НБА лигата ќе заврши во скратен формат. Вкупно 22 екипи се дел од завршницата во големата база во Орландо. 13 екипи ќе разигруваат за осумте места во плејофот на западот додека девет ќе разигруваат на истокот. Кога ќе заврши овој дел од шампионатот, сезоната си продолжува со ллеј оф и како претходно.

Резултати:

Њу Орлеанс – Јута 104-106

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 103-101

OhridNews