Драмските аматери од Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Струмица, Кочани, Куманово, Скопје, Тетово и аматерските театри од Нова Горица, Словенија и Пивнице, Србија се дел од  48. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија што започна вчера во Градот на културата за 2012 година – Кочани.

Во придружниот дел на фестивалот, кој ќе трае до 2-ри јуни, ќе бидат понудени – Поетски театар инспириран и работен од поетското творештво на академик Матеја Матевски, a слово за поетот ќе одржи академик Георги Старделов. Исто така ќе има и  изложба на уметничка фотогорафија, изложба на цртежи, портрет на драмски автор, на драматургот Сашко Насев, а промотор ќе биде професорот Кирил Темков.

Драмската аматерска понуда на фестивалот ќе ја вреднува жири во состав: Изабела Новотни, Драгана Лукан Николоски, а разговорите на тркалезната маса ќе ги води Билјана Радиновска.

OhridNews