10тата Дримска конференција ќе се одржи во Струга (хотел Дрим) од 2-4 Јуни 2026 година во рамките на Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиот басен (2011) и Вториот ГЕФ Дримски проект за имплементација на приоритетните мерки од Стратешкиот акционен план за Дримскиот Басен (2020). На конференцијата ќе учествуваат преставници од надлежните институции на државите од Дримскиот Басен, локалните самоуправи, претпријатијата надлежни за управување со води, регионални и интенационални организации.

Темите на Конференцијата се поврзани со врската помеѓу Стратешкиот план за Дримскиот Басен и Зелената Агенда на ЕУ а ќе се презентираат и основните информации за процесот на одобрување на новиот ГЕФ проект за заштита на сливот на Охридско Езеро.
На Конференцијата ќе се обратат министерот за транспорт, заменик министерот на Министерството за животна среидна и просторно планирање на Косово, директорите на директоратите и секторите надлежни за управување со води како и преставниците на УНДП, УНЕЦЕ и Глобалното партнерство за води-Медитеран кое го спорведува ГЕФ 2 Дримскиот проект.
OhridNews













