Во месноста „Орли“, атар на селото Црвена Вода, општина Дебрца, вчера, во координирана акција на регуларната и шумската полиција, бил спречен обид за кражба на дрва.

Полициски службеници од СВР Охрид, овластен шумочувар и шумски полициски службеник, во неовластена сеча и кражба на дрва на простор сопственост на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, затекнале три лица од струшкото село Мислодежда.

На лице место, пронајдени биле околу 15 метри просторни исечени дрвја, како и седум коњи натоварени со дрва. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријав, информира СВР Охрид.

.OhridNews

Фото : Архива