Овластени службени лица од шумската полиција биле спречени при преземање службени дејствија околу нелегален транспорт во атарот на село Мешеишта, охридско.

 

Инцидентот, како што информира СВР Охрид, се случил во 14 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, на влезот од селото Мешеишта.

При обид да запрат товарно возило во нелегален транспорт на огревно дрво, жител на  Мешеишта, со камион го попречил движењето на службеното возило на шумската полиција по што, се собрале повеќе жители на селото. Притоа, едно од лицата, жител на истото село, на двајцата службеници им упатил сериозни закани по нивниот живот и сигурноста. – соопшти СВР Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, najavi СВР Охрид.

OhridNews
Фото: Илустрација – архива