За креирање на мерки, политики и проекти, за изградба на модерна туристичка инфраструктура и промоција на Република Македонија, како атрактивна туристичка дестинација  Министертвото за економија,  годинава планира да потроши  околу 550 илјади евра.

Ова е предвидено во програмата за развој на туризмот за 2010 година, која има за цел збогатување на туристичката понуда и развој на македонскиот туризам, како препознатлив туристички производ, кој ќе овозможи зголемување на девизниот прилив преку зголемување на бројот на туристички посетители. Оваа програма е дел и од поважните приоритети на Министерството за економија предвидени за  оваа година.


Средствата од оваа Програма ќе бидат наменети за:

• Ревидирање и имплементирање на Националната Стратегија за Туризам 2009-
2012;
• Ревидирање на законските Законот за туристичка дејност
• Зголемување на туристичката понуда и градење на институционална туристичка
мрежа и база на туристички податоци;
• Имплементирање и изградба на проектот „Македонско село“;
• Изработка на студијата за развој на Шарпланинскиот регион со посебен акцент
за рекреативниот центар Попова Шапка,
• Поддршка на проектите „Вински патишта во Македонија“, „Сити лајт“ проектот и
континуирано поставување на туристички мапи,
• Субвенции за туристичките субјект кои ќе донесат странски туристи во
република Македонија.

Ohridnews