За потребите на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, Министерството за земјоделство на Р. М. додели 4,5 милиони денари. Договорот денеска со претствниците на Хидробилошкиот институт Охрид и со мрестилиштето ШУМ, го потпиша министерот Ацо Спасеноски. Хидробиолошкиот институт ќе добие три, а мрестилиштето Шум 1,5 милиони денари, најмногу средтва што досега биле издвоени од државата за порибување на Охридското Езеро. Спасеноски најави дека министерството ќе вложи и дополнителни 1,2 милини денари во изградбата на биофилтерот во новото мрестилиште на Хидробиолошкиот институт.


државата го одврза ќесето

Директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Ванчо Димитриевски истакна дека ќе биде подржана идејата на Хидробиолошкиот институт од Охрид, контролата над Охридското Езеро да се врши со видео надзор и со скенирање , и дека ќе биде зголемена и физичката заштита. Тој информираше дека  оваа година се запленети над 1000 мрежи и се поднесени пријави против 18 рибокрадци.


запленети 1000 мрежи-држ. инспекрор Димитриевски

Во тој контекст министерот Спасеноски додаде дека рибарската чуварска служба работи 24 часа на терен а соработката со полицијата во заштита на Охридското Езеро е добра. „Со години се уништуваше рибниот фонд во езерото и сега настојуваме состојбата да ја вратиме во некоја нормала. Охридското Езеро четири годии е без концесионер и со засилена контрола успеваме некако да го заштитиме. Меѓутоа, досегашниот начин на концесионирање остави последици, поради што ќе им се одземат концесиите дадени и за другите езера и акумулации бидејќи е очигледно дека рибата само се изловува а од страна на концесионерите нема никакво порибување“, рече Спасеноски.


ќе се одземат сите концесии-министрот Спасеноски

Министерот Спасеноски од Охрид отпатува за Поградец,  каде ќе оствари средба со неговиот албански колега Јемин Џана. Тие ќе разговараат за меѓуграничната соработка и за заштитата на Охридското Езеро. Спасеноски истакна дека со заеднички проекти ќе се настапи пред фондовите на ЕУ, а ќе се разговара и за усогласување на законските регулативи бидејќи во албанскиот дел од Охридското Езеро сеуште не е забранет ловот на пастрмката.


ќе биде подобро заштитена? –  охридска пастрмка

Двајцата министри ќе разговараат и за набљудување, патролирање и воспоставување целосна контрола над Охридското Езеро со формирање на заедничка чуварска служба.

Г. Момироски
фото: Васко Бујароски