ЈП за стопанисување со спортски објекти бара да и` бидат вратени во сопственост спортските сали што државата им ги отстапи на општините.
Меѓу тие кои ги бара јавното претпријатие е и салата “Билјанини извори“ во Охрид. За локалната самоуправа ваквото барање е нереално бидејќи салата во Охрид е градена со средста од самопридонес, а долговите за нејзината изградба ги сервисира општината.
Како што дознаваме претставници на локалната самоуправа деновиве имаат интензивна комуникација со надлежните во Скопје со цел да им се предочат фактите околу охридската сала. Со салата “Билјанини извори“ во моментов стопанисува ЈП “Охридски Комуналец“. Во иднина како што најави неодамна директорот на комуналното претпријатие Боро Павлоски не е исклучена можноста да се формира посебно јавно претпријатие кое ќе стопанисува со спортската сала.
И покрај редовните акции за подигнување кабаст и зелен отпад и апелите и известувањата со кои редовно и транспарентно се информираат граѓаните за начинот како да постапат кога имаат потреба за депо...
Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за два, додека цената на бензините се зголемува за 3,5 денари одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлуката дизелот ќе се продава по це...
Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои имаат добиено средства за финансирање на програми и проекти од Одделението за култура на Општина Охрид за 2026 година, дека се должни да до...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.