
За таа цел Владата на РМ има потпишано меѓудржавен договор со Владата на СР Германија, а Министерството за финансии како гарант на кредитот веќе две години ги исплатува ануитетите кон КФВ банката.Од тие причини државата бара општините да ја стопираат постапката за раздружување, изјави в.д. директорот на Проаква Бранислав Трпчески.
Тој информираше дека поради иницијативата за радружување, како и поради бројни недостатоци на веќе реализираните проекти кои инвеститорот бара најитно да се отстранат, КФВ банката замрзна 250.000 евра, средства од кредидот одобрен на Проаква.
Трпчески соопшти дека МЈП Проаква се соочува со сериозни загуби на вода заради големиот број диви приклучоци, а долговите на граѓаните и фирмите кон јавното претпријатие изнесуваат 6 милиони евра, и дека доколку во најкус можен рок таквите состојби не се променат можен е колапс на водоснабдителниот систем во Охрид и Струга.
За спорната иницијатива за раздружување, како и за другите актуелни проблеми во „Проаква“ синоќа разговарале претставници на Државниот инспекторат за комунални дејности и на Проаква, а наскоро се очекува и владата ќе заземе официјален став за случајот.












