23 годишен постоење одбележа Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид. Во своето обраќање пред присутните гости и соработници, директорот на установата Жарко Куциноски се наврати на почетоците кога домот првично во 1964 година работел како дел од комплексот на хотел Палас како депанданс, за да од 31 август 1998 година со Одлука на Владата на Р. Македонија работи како студенстки дом.

Истиот, вели, располага со сместувачки капацитети од 86 соби, односно 231 легло наменети за сместување на студенти, а во летните месеци јули и август работи и комерцијално согласно Законот за студентски стандард.

Морам да напоменам дека Владата, односно Министерството за финасии и МОН, потпишаа Меморандум за соработка со Германската развојна банка (KfW) со која што ќе добиеме средства за целосно реновирање и реконструирање на студентските домови во делот на енергетската ефикасност се со цел за подобрување на условите за сместување на студентите. Реновирањето на домовите како што е најавено треба да започне од 1 јануари, а во првата фаза предвидено е и реновирање на домот „Никола Карев“, рече Куциноски.

Во реновирањето вклучени се фасадата, фотоволтаици кровот, канцелариите, рецепцијата, собите, кујна, ресторан…, вели Куциноски.

И во вакви исклучително сложени услови ќе бидеме насочени кон подобрување на студентскиот стандард и условите за сместување, како и унапредување и подобрување на условите за вработените и решавање и регулирање на исплатата на платите, делотворно решавање на финасирањето на дејноста и завршувањето на целосното реновирање на студентскиот дом, додаде Куциноски.

Свеченоста беше збогатена и со културно уметничка програма.

Инаку, во моментов во студенскиот дом се сместени 120 студенти, но и и учениците од Регионалниот центар „Ванчо Питошески“, па бројката на сместени ученици и студенти брои 220 до 230.

 

Н.С.Ј.