Со свеченост на која присуствуваше премиерот Никола Груевски, во населбата Расадник денеска во употреба беше предадена новата зграда што ја градеше јавното претпријатие за стопанисување со станбен  и деловен простор.


-Овој објект располага со 70 комерцијални станови кои ќе се продаваат по мошне поволни цени кога е во прашање Охрид од околу 800 евра за метар квадратен, истакна Груевски.


Тој најави дека до месец август ќе биде готова и зградата која се гради во непосредна близина која ќе биде наменета за социјално загрозени категории граѓани. Вкупната вредност на двете згради е околу 100 милиони денари, а премиерот најави уште една таква инвестиција со која веднаш до овие ќе започне изградба на уште две нови згради со околу 120 станови.


Тоа е сериозна инвестиција која ќе им помогне на многу граѓани да го решат животното прашање, рече Груевски потенцирајќи дека Владата ќе го исполни даденото ветување за изградба на 2500 станови.

– Тоа ќе им помогне и на градежните компании што е особено важно во време на економска криза, бидејќи кога работи градежниот сектор работа има за уште 21 сектор, додаде премиерот Груевски.

OhridNews