Силната маѓународна поддршка на Република Македонија и позитивните оценки за демократските промени,се историска шанса сите политички партии да седнат заедно на маса и да дефинираат стратегија за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Република Грција и да преземат одговорност за иднината и перспективите на државата, велат од Демократскиот сојуз – ДС, кој бара консензус за стратешките национални интереси.

-Неспорно е дека за влез во НАТО и Европската Унија постои политички и граѓански консензус и поддршка од земјите членки на НАТО и ЕУ, но факт е дека десет години евроатланските процеси беа блокирани и Македонија стагнираше. Шансите што се отворија треба да се искористат, но воедно да се гради и стратегија како понатаму доколку приемот во НАТО и започнувње на пристапните преговори за влез во ЕУ и натаму се развлекуваат. Очекувањата на граѓаните се огромни, но трпението е потрошено, затоа треба консензус и преземање на дел од одговорноста од сите релевантни политички партии околу државната стратегија. – велат од ДС.

OhridNews