Со векови тие создавале слика дека се босоноги аскети кои својот живот го поминуваат на Хималаите, медитирајќи, но сè поголемото богатство на индиските „божји луѓе“, гуруа и духовните лидери е доказ дека индиските „волшебници“ не водат така едноставен живот како што се верувало.

Ти станаа моќни ликови кои управуваат со бизнис империи, го контролираат политичкиот живот и манипулираат со медиумите, пишува Вашингтон пост.

Покрај цела таа моќ и богатство се поставуваат многу прашања за верските бизниси, кои одат во полза на неодамна откриеното злато, сребро, дијаманти и пари, како и увид во имотот на гуруата што се брои во стотици милиони или милијарди долари и обвинувањата за перење пари.

Растењето на богатството и појавата на „божји луѓе“ во последните децении го следи растот на приходите во Индија и либерализацијата на медиумите. До одредена мера ја подигнуваат и политичката популарност на националистичкото хиндуистичко движење.

„Меѓутоа нивната популарност повеќе е одраз на „извонредната религиозност на индискиот народ кој се дистанцирал од силата на образованието и модернизацијата“, вели за Вашингтон пост историчарот Рамхандра Гуха.

Најголемиот број на нивните посветени следбеници припаѓа на средната класа, а донациите стигнуваат од Индијците, но и од странски земји.  Приливот на пари делумно е во функција на голем раст на расположливиот доход кој многу Индијци сега го уживаат, но некои социолози велат дека тоа се одразува на потребата да се постигне рамнотежа помеѓу новооткриеното богатство со старите вредности.

„Индиската средна класа е еден куп на луѓе шизофреничари. Донациите за нив значат постигнување на рамнотежа”, вели Мира Нанда, автор на книгата ”Господ на пазарот: како глобализацијата ја прави Индија повеќе хиндуистичка“, тврдејќи дека тие се во аскетизам и на едноставниот живот гледаат како на висок идеал, а тоа, како што посочува, е идеал со кој ретко може да се живее со големо богатство.

OhridNews
извор: „Макфакс“