
– Во текот на јавната анкета, граѓаните и заинтересираните физички или правни лица, можеа преку анкетни листови да ги достават своите забелешки, сугестии, предлози…По добивањето на сите анкетни листови и изнесени забелешки (сметано и на оние доставени по пошта), Градоначалникот формира комисија чија должност е да ги разгледа мислењата изнесени во јавната Анкета и да ги земе предвид оние што се основани односно истите да се вметнат во Планот кој ќе се изготви како Предлог –ДУП. Така изготвениот Предлог-ДУП се доставува до Советот на општината кој на седница расправа по добиениот Предлог – ДУП, информираат од општината.
Имајки ја предвид динамиката на решавање на прашањата сврзани со урбанистичките планови, како од аспект на времето за нивно изготвување така и од аспект на тоа дека по изготвениот Предлог –ДУП треба со мислење да се произнесе надлежното министерство, малку е веројатно дека ДУП-от за дел од шестата УЕ (Карабегомала), ќе биде донесен од сегашниот состав на Советот на општината, велат од локалната самоуправа.











