Дупка длабока 20 сантиметри и широка околу половина метар, веќе подолг период зјае на коловозот на ул. Марко Цепенков“, наспроти експозитурата на „Охридска банка“, и им ги уништува автомобилите на охриѓани.
Граѓанин кој живее во овој дел од Охрид се жали дека со сега уништил три гуми на своите автомобили.
– При најмал дожд дупката се полни со вода и е незабележлива за возачите, а фатална за гумите. Досега се скинати три гуми само од наши возила. Бараме итно да се санира оштетувањето на коловозот, или во спротивно одговорните да ни ја надокнадат штетата. – вели револтираниот граѓанин.
Вакви оштетувања има и во други делови од градот кои секојдневно им предизвикуваат штети на граѓаните.
-Ситуации како оваа во развиените земји експресно се санираат, за разлика од кај нас каде надлежните постојано имаат некакви изговори зошто еден обичен проблем не може навремено да се реши. Од друга страна на граѓаните им се ветуваат разни мегаломански проекти додека основните потреби и приоритети за заедницата, како што е поправката на оштетувањата на улиците се игнорираат, велат граѓаните чии возила секојдневно страдаат на лошите улици.
OhridNews
















