Дупка со пречник од околу 30-тина сантиметри е отворена на асфалтот на улица „Маршал Тито“ непосредно до Угостителското училиште во Охрид.

Според она што може да се забележи, отворот е доста длабок и најверојатно продолжува и под асфалтната површина.

Граѓаните кои секојдневно минуваат тука со своите возила или пеш бараат од надлежните да го санираат ова оштетување на улицата, за да се спречат евентуални проблеми.

OhridNews