Избраниците на хрватскиот селектор Славко Голужа во 1/4 финалето го елиминираа Светскиот првак Франција. Со триумфот над “триколорите“, хрватските ракометари го срушија францускиот синдром, кој ги прогонуваше пет години.


–  Пред почетокот на мечот ветивме дека ќе се бориме до крајот, одигравме фантастично, покрај тоа што останавме хендикепирани поради исклучувањето на Вуковиќ. Но одигравме за него, за Лацковиќ и за цела хрватска нација. Сега не очекува еден одмор, а потоа нов “шампионски“ предизвик – потенцираше јунакот на мечот Домагој Дувњак.

“Коцкастите“ за влез во големото финале ќе мораат да срушат уште еден првак, а тоа е Европскиот селекецијата на Данска.

Мх.П.