Немилиот настан се случил половина час по полноќ на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје. Како што соопшти МВР, засега непознати лица од возило пукале во возило „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле лицата Н.А.(44), Ф.Е.(19) и А.П.(49), сите од Скопје.

На местото на настанот починал Н.А., додека другите две лица- Ф.Е. и А.П. со Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде А.П. подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews