Синоќа  околу 20 часот, во СВР Охрид приведен бил 53-годишен охриѓанец.

Тој под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир на улицата „Партизанска“ во Охрид а потоа навредувал полициските службеници. – информира СВР Охрид.

Подоцна, во 21 часот, во СВР Охрид приведен бил и 28-годишен охриѓанец,

Тој на булеварот „Туристичка“ одбил да се легитимира и омаловажувал полициски службеници. – соопшти СВР Охрид.

Против приведените СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Исто така вчера, кај месноста „Суво поле“ во близина на струшкото село Велешта, од слобода е лишен 25-годишен жител на Дебар. Лицето било приведено врз основа на наредба од Казнено поправната установа затвор Струга.

OhridNews