Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и на Ургентниот центар. „И натаму се прават конзилијарни консултации, но нивната состојба е тешка и критична“, рече Хасани.

Директорот на клиниките рече дека едниот пациент е префрлен од КАРИЛ на трауматологија, другиот е префрелен на неврохирургија, пациентот од болницата од Тетово е префрлен на торакална хирургија, а трдуницата се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, пак, Христијан Костов, рече дека синоќа биле оперирани двајца пациенти со стомачни повреди. На интензивна нега се 5 луѓе. Двајцата од нив се со повреди на мозокот и се на механичка вентилација. Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево ќе ги посети пациентите во Градската општа болница.

OhridNews

Макфакс