Земјотрес со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала -беше почувствуван утрово околу 9.30 ч. во Охрид.

Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал  110 километри југозападно од Скопје,
во подрачјето на планината Јакупица.

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, синоќа околу 1 часот по полноќ бил регистриран и во Струга и околината.

Епицентарот на потресот се наоѓал  90 километри југозападно од Скопје, во подрачјето на планината Караорман, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Ohridnews