Изминатиот викенд сообраѓајната полиција во Охрид и Струга спроведе уште една акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Притоа, во Охрид регистрирани се девет прекршоци за неправилно и непрописно запирање и паркирање на патнички возила во централното градско подрачје. Во Струга, пак, констатирани се осум пречекорувања на дозволената брзина во населено место, а седум возачи нелегално вршеле такси превоз на патници.
Против прекршителите поднесени се прекршочни платни налози.












