
Неофицијално дознаваме дека инцидентот произлегол од расправија по која едно лице отворило оган со огнено оружје, при што на лице место усмртил еден жител на Вевчани, а уште едно лице подоцна починало од раните добиени во инцидентот.
Други две лица се здобиле со прострелни рани и се пренесени во болниците во Охридско-струшкиот регион.
Повеќе информации за инцидентот кој ги потресе жителите на Вевчани ќе објавиме во текот на утрешниот ден.
OhridNews











