Двајца жители од струшко Радолишта вмешани во трговија со луѓе
08.02.09 14:50
Одделот за организиран криминл при МВР поднесе кривични пријави против четворица македонски државјани З.Д.(33) и Д.П.(32), двајцата од с.Радолишта – Струга, М.Н.(39) од с.Падалиште – Гостивар и Љ.З.(42) од Скопје, поради постоење на основано соменение дека сториле кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти”. Тие се сомничат дека заради стекнување со противправна имотна корист организирано дејствувале при обезбедување фалсификувани патни документи со цел илегално криумчарење на мигранти преку државната граница на Р. Македонија.
Според МВР, пријавените лица се дел од меѓународна организирана криминална група која се занимава со криумчарење на мигранти кои ги пренесувале од Р.Албанија преку територијата на Р.Македонија до Р.Италија. Исто така, од нивна страна на мигрантите е обезбедувано сместување и потребна документација, односно фалсификувани патни исправи и билети до крајните дестинации.
Полицијата ги лиши од слобода сите осомничени на кои Истражен судија им одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.