Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална единствена казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство, кое резултира со трагична смрт на неговата сопруга Ивана и нивната малолетна ќерка, пренесува МИА.
Ова е највисока казна за вакво кривично дело изречена во земјава. Но од Обвинителството сметаат дека треба да се размисли за измена на законската регулатива во случај кога кривичното дело „наведување на самоубиство“ завршува со смртни последици, посочувајќи дека максималната предвидена казна за тоа од 5 години можеби и не е соодветна. Осудениот доби 12 години вкупна затворска казна за три кривични дела кои му се ставаа на товар.
Ивана и нејзината малолетна ќерка беа пронајдени мртви во скопската населба Карпош на 2 март по континуирано семејно насилство што ја навело мајката на самоубиство.
Г.М.














