На магистралниот пат Градско-Прилеп, вчеравечер, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хјундаи“ со струшки регистарски ознаки управувано од 61-годишен стружанец и трактор „ИМТ“  со кавадаречки регистарски ознаки управувано од лице од Росоман.

Со тешки телесни повреди се здобиле две деца на возраст од 12 и 15 години, сопатници кои се возеле со тракторот. Повредените се пренесени во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.

OhridNews