Ресторанот „Далга“, еден од најпознатите угостителски објекти во Охрид, деновиве го прослави 20-от роденден.

Роденденот „Далга“ го одбележа во ново руво, со променет ентериер, естетски корекции и зголемен капацитет.

„Далга“ пред две децении ја отворија Љупчо Патчев и Кире Мостров, а приказната денес успешно ја продолжуваат нивните наследници.

Низ годините постоење „Далга“ има угостено голем број познати личности, политичари, шефови на држави, јавни личности… Дел од нив се овековечени на фотографии кои ги красат ѕидовите на оваа култна кафеана.

OhridNews