Лајонс клубот „Десарети“ денеска ја одбележува двегодишнината од своето постоење.

Роденденот лавовите од „Десарети“ ќе го прослават со хуманитарна вечера што ќе се одржи во х. „Милениум“.


Во текот на двегодишното постоење, Лајонс клубот „Десарети“ има реализирано повеќе хуманитарни проекти и кампањи, а неговите членови најавуваат силна активност на ова поле и во иднина.

Во Охрид постојат три лајонс клубови „Десарети“, „Охрид“ и „Лихнидос“.

Ohridnews